За половина небо

Препев Соња Должан и Викторија Блажеска

Виснувавме како птици
по највисоките врвови
на соседовата цреша и светлината
се истураше по дланките и преку,
по гранките и стеблото
до земјата. По падината до морето
чуруликаа прегладнетите желби
по деновите без часови,
кои ги редевме како скапоцен накит
околу исончаните вратови
и учевме како сенката
секогаш се поместува со сонцето.
Не ги заклучувавме вратите на куќите
од мирисот на боровите.
Секој имаше свој клуч,
кој го отклучуваше и морето
на загреаната површина,
па паѓавме во изладените длабочини
како циркуски мајмуни
и се враќавме секојпат за влакно
поголеми.
Кога навечер ги набљудувавме последиците
од играта, молчевме,
бидејќи немавме збор
за крајот,
кој доаѓа секогаш оддалеку и е мал,
како точкичка на хоризонтот,
пред да стане брод,
голем, ако погледнеш оддолу нагоре

за половина небо.

 

Copyright Матица македонска 2017

 

 

Za polovina nebo

Visnuvavme kako ptici
po najvisokite vrvovi
na sosedovata creša i svetlinata
se isturaše po dlankite i preku,
po grankite i stebloto
do zemjata. Po padinata do moreto
čurulikaa pregladnetite želbi
po denovite bez časovi,
koi gi redevme kako skapocen nakit
okolu isončanite vratovi
i učevme kako senkata
sekogaš se pomestuva so sonceto.
Ne gi zaklučuvavme vratite na kuk’ite
od mirisot na borovite.
Sekoj imaše svoj kluč,
koj go otklučuvaše i moreto
na zagreanata površina,
pa pag’avme vo izladenite dlabočini
kako cirkuski majmuni
i se vrak’avme sekojpat za vlakno
pogolemi.
Koga navečer gi nabljuduvavme posledicite
od igrata, molčevme,
bidejk’i nemavme zbor
za krajot,
koj doag’a sekogaš oddaleku i e mal,
kako točkička na horizontot,
pred da stane brod,
golem, ako pogledneš oddolu nagore

za polovina nebo.